Лавров и Ковач договорија динамизирање на руско-хрватската билатерална соработка

Москва, 26 септември 2016 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во телефонски разговор со својот хрватски колега, Миро Ковач, се договори да се даде дополнителна динамика на билатералната соработка, јави ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за надворешни работи. 

Министрите ја разгледаа состојбата и перспективите на руско-хрватската соработка и се обврзаа да дадат дополнителна динамика за развојот на политичката, трговско-економската и културната соработка, соопшти руското Министерство.

Постигнат е договор за реализирање на надворешно-политичките контакти непосредно по формирањето на новиот состав на хрватската Влада, по предвремените избори што се одржаа на 11 септември 2016 година.

Лавров и Ковач размениле и мислење за ситуацијата на Балканот. Двете земји го потенцираат значењето на зачувувањето на Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина од 1995 година и максималното почитување на еднаквоста на двата составни дела и трите државотворни народи во Босна и Херцеговина, наведе руското Министерство за надворешни работи. сд/сп/13:44

###



Во Белград започна повторениот судски процес против Дарко Шариќ

Белград, 26 септември 2016 (МИА) - Во Специјалниот суд во Белград денеска започна повторениот судски процес против Дарко Шариќ и останатите обвинети за шверц на големо количество кокаин од Јужна Америка во Западна Европа.

Шариќ во својата кратка изјава истакна дека обвинението против него наликува на „убаво напишана историја“, но не разбира за што точно е обвинет.

- Веќе седум години за мене зборуваат секакви работи, затоа сега повеќе нема да кажувам дека не сум виновен, туку да ја докажат мојата вина, нагалси Шариќ.

И останатите обвинети ги отфрлија тврдењата дека се виновни, како и Дарко Тошиќ, кој неодамна беше екстрадиран од Холандија и првпат се појави пред суд.

Во новиот судски процес обвинетите ќе имаат можност повторно да ја претстават својата одбрана, доколку тоа го сакаат, повторно ќе се сослушаат сведоците, ќе се преслушуваат прислушкувани разговори и ќе се достават други докази.

Судскиот процес се води по шест обвиненија за шверц на вкупно 5,7 тони кокаин од Уригвај, Бразил и Аргентина за Западна Европа во период од 2008 и 2009 година.

Во Специјалниот суд во Белград во одделна судска постапка на Шариќ му се суди и за перење на пари во Србија преку внесување пари во легалниот финансиски систем, кои се добиени од шверц на кокаин. Тој и уште 17 лица се обвинети за перење на околу 22 милиони евра. гт/сп/15:07

###



Бугарија годинава очекува да произведе 160 милиони литри вино

Софија, 26 јули 2016 (МИА) - Од овогодишната реколта на грозје Бугарија очекува да произведе околу 160 милиони литри вино, од кои околу 60 милиони ќе бидат извезени, изјави денеска бугарската министерска за земјоделство и храна Десислава Танева. 

Како што јави БТА, Танева нагласи дека квалиетот на овогодишната реколта на грозје е добар и се очекува поголем род од лани.

- Бугарија може да произведува добро грозје, да прави добро вино и да го извезува на добри пазари, рече Танева.

Последниве години главни извозни пазари за бугарското вино се Русија, Кина и Велика Британија.

Танева истакна дека површините под лозје во Бугарија се зголемуваат секоја година, а само годинава се очекуваат 600 хектари нови насади. сп/15:00

###



Додик повикан на сослушување во врска со референдумот во РС

Сараево, 26 септември 2016 (МИА) – Претседателот на Република Српска Милорад Додик е повикан на информативен разговор во својство на осомничен во предмет во врска со одржување на референдумот за Денот на РС, јави Фена.

Во Обвинителството и е потврдено на агенцијата дека Додик е повикан да сведочи во предмет што се однесува на неизвршување одлуки на Уставниот суд на БиХ. Обвинителството на БиХ претходно соопшти дека во врска со тоа собира одредени докази и неколку лица ќе бидат повикани на сослушување.

Весникот Дневни авз повикувајќи се на извори во Стејт департментот објави дека САД бараат санкции за организаторите на референдумот во РС. – Тие кои ги поткопуваат дејтонските институции мора да се сметаат за одговорни за своите дестабилизирачки акции, објави весникот. зш/15:55

###



Хрватска: Референдумот ја дестабилизира РС, но и Југоисточна Европа

Загреб, 26 септември 2016 (МИА) - Хрватското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека референдумот во Република Српска има потенцијал да ја дестабилизира Босна и Херцеговина и поширокото подрачје на Југоисточна Европа.

Министерството соопшти дека Хрватска како потписничка на Дејтонскиот договор за мир во БиХ го смета референдумот во РС за неприфатлив  и оти е одржан спротивно на одлуката на Уставниот суд на БиХ.

- Се работи за неодговорен чин кој има потенција да ја дестабилизира БиХ и поширокото подрачје на Југоисточна Европа, се посочува во соопштението на хрвтаското МНР.

Исто така се додава и дека Хрватска се залага за „одржливост, целовитост, територијален интегритет и суверенитет на БиХ, во кој сите три народи се уставотворни и рамноправни“.

- Хрватска на Хрватите во БиХ им гарантира и ќе им гарантира, согласно својот Устав, лична заштита, потенцира хрватското МНР. ми/зш/19:01

###

###



Уставниот суд на БиХ в петок ќе расправа за непочитување на одлуката за Денот на РС

Сараево, 26 септември 2016 (МИА) - Уставниот суд на Босна и Херцеговина в петок ќе го разгледува неизвршувањето на одлуката за неуставноста на Денот на републиката на Република Српска.

- Ова прашање предвидено е да биде разгледано на Пленарната седница на Уставниот суд на БиХ, која ќе се одржи на 30 септември, се посочува во соопштението од Судот.

Уставниот суд на БиХ кон крајот на ноември минатата година објави предуда со која 9. јануари како Ден на РС е прогласен за неуставен и наложи во рок од шест месеци да се направат измени во Законот за празници.

Властите во РС го одбија барањето на Уставниот суд и одлучија да распишат референдум, чие одржување беше забрането со привремена мерка на Уставниот суд. ми/зш/18:15

###



Во Албанија почна голема воена вежба

Тирана,26 септември 2016 (МИА) – Повеќе од 1.700 војници на албанската армија, на САД, Велика Британија, Италија, Косово и Црна Гора,во Албанија почнаа голема воена вежба насловена  “Joint Effort“.

Вежбата ќе трае десет дена и се спровдува во осум локации во Албанија.

- Седум години сме во НАТО,но ова е првпат ние да организираме во нашата земја воена вежба од вакви размери, изјави Јероним Базо, началник на Генералштабот на албанската армија. 

За министерката за одбрана, Мими Кодели, вежбата е во служба на заедничкото делување и придонес и зголемување на соработката и довербата межу државите.

- Денешните закани на источните и јужните граници на Алијансата го потврдуваат значењето на добрата подготвеност за соочување со било каков ризик, изјави Кодели.

Командантот на американската војска во Европа, Бен Хоџес оценил дека албанската армија напредува.

- Албанија е многу значајна за Алијансата,таа е значаен дел од стабилноста во регионот, многу напредуваше но, треба да се зголемат инвестициите за армијата. Албанија вети дека буџетот за армијата ќе биде 2 отсто од БДП. Што се однесува до војската на Косово,зачленувањето во НАТО е политичка одлука, изјавил Ходгес.

Воената вежба “Joint Effort” се очекува да го официјализира и вториот пешадиски баталјон што претставува барање во континуитет на НАТО за албанската армија. вт/20:02

###



Мектиќ: Ако Додик не се појави пред Обвинителството може да биде приведен од СИПА

Сараево, 26 септември 2016 (МИА) - Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ вечерва изјави дека доколку претседателот на Република Српска, Милорад Додик не се појави пред Обвинителството, можно е да издаде наредба за присилно приведување.

- Ако не се појави, а причината за непојавувањето биде неоправдана, се издава наредба за присилно приведување. Тука Законот за кривична постапка е многу јасен, никој нема право да не одговори на поканата од Судот или Обвинителството, изјави Мектиќ за ТВ1.

Тој додаде дека Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) е одговорна за евентуално присилно приведување.

Претходно, Обвинителството соопшти дека Додик е повикан да сведочи во предметот што се однесува на неизвршување на Одлуката на Уставниот суд на БиХ поврзан со референдумот за Денот на РС. ми/21:20

###



Додик: Не се плашам од апсење

Белград, 26 септември 2016 (МИА) - Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека не се плаши од апсење поради одржување на референдумот.

Тој додаде дека е задоволем што гласањето за Денот на РС помина без проблеми.

- Не сум задолжен да се плашам. Тоа повеќе е покритие за оние кои не успеаја да го запрат референдумот, истакна Додик за телевизија Н1  од студиото во Белград.

Претходно, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ изјави дека доколку  Додик не се појави пред Обвинителството, можно е да издаде наредба за присилно приведување.

- Ако не се појави, а причината за непојавувањето биде неоправдана, се издава наредба за присилно приведување. Тука Законот за кривична постапка е многу јасен, никој нема право да не одговори на поканата од Судот или Обвинителството, изјави Мектиќ за ТВ1.

Тој додаде дека Агенцијата за истрага и заштита (СИПА) е одговорна за евентуално присилно приведување.

Обвинителството го повика Додик  да сведочи во предметот што се однесува на неизвршување на Одлуката на Уставниот суд на БиХ поврзан со референдумот за Денот на РС. ми/21:38

###



Кипaрскиoт претседател на средба со британскиот премиер

Никозија, 27 септември 2016 (МИА) - Претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадес денеска во Лондон ќе се сретне со британската премиерка Тереза Меј, пренесува БТА. 

Во британската престолнина, Анастасиадес е придружаван од министерот за надворешни работи Јоанис Касулидис, владиниот портпарол Никос Христодулидис и од неколку други високи службеници. Ден претходно, тој оствари официјална посета на Њујорк.

Утре, Анастасиадес ја предводи делегација во посета на Париз, каде ќе има средба со својот француски колега, Франсоа Оланд.  си/ссм/07:53

###



Американски хотели во Адана можна цел на терористички напади

Вашингтон, 27 септември 2016 (МИА) - Конзулатот на САД во турскиот град Адана ги предупреди американските граѓани, дека има информации за можни сериозни и конкретни терористички закани кон тамошни американски хотели, јави БТА.

- Граѓаните на САД во Адана ги советуваме да бидат претпазливи кога ги посетуваат тие објекти, препорачува Конзулатот во објава на својата веб-страница.  си/ссм/08:33

###



САД го осудија одржувањето на референдумот во Република Српска

Вашингтон, 27 септември 2016 (МИА)  - САД вчера го осудија „нелегалниот референдум“ во Република Српска, наведувајќи дека ќе ги поддржат локалните институции кои бараат раководството на РС да одговара за „поткопување на владеењето на правото и опструкција на примената на Дејтонскиот договор“.

„Ги повикуваме сите страни во БиХ да се воздржат од натамошни акции и реторика која води кон поделби и да се фокусираат на многу потребните општествени, политички и економски реформи“, наведе во соопштение заменик портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

Во соопштението се наведува дека раководството на РС во неделата организираше референдум, што директно е во спротивност со одлуката на Уставниот суд на БиХ. сд/ссм/07:51

###



Во Италија уапсен Албанец кој извикувал ИД и повредил полицаец

Тирана, 27 септември 2016 (МИА) - Полицијата во италијанскот град Римини уапси Албанец, кој, кога му побараle документи почнал да се заканува и да извикува „Исламска држава“ и да ја велича оваа терористичка организација, а во рака држел медал со натпис на арапски јазик.

Како шо јави електронското издание на тиранскиот весник „Шекули“ станува збор за 21-годишно момче кое е уапсно во стан во споменатиот италјански град, кога полицијата дошла да го котролира неговиот пријател кому претходно му била изречена мерка домашен притвор.

- Италијанската полиција го контролирала лицето кое било во домашен притвор. Во станот го затекнала 21-годишниот Албанец, чиј идентитет не се наведува, кој почнал да и се спротивставува на полицијата при што еден од полицајците бил и лесно повреден со железен предмет, пишува „Шекули“.

Уапсениот Албанец е во притвор. Пред судот ќе одговара за поддршка на ИД, како и за попречување и повреда на службено лице при вршење на службена должност. вт/ссм/07:33

###



Хоџај: Екстремизмот на Косово увезен од други земји

Њујорк, 27 септември 2016 (МИА) - Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјави дека насилниот екстремизам на Косово пристигнал од други земји.

Хоџај во интервју за АП на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, кое го пренесува Танјуг, истакна дека „радикализацијата на младите луѓе на Балканот стигнала од различни невладини организации и свештени лица од Блискиот Исток“.

- Сепак не можеме да ги обвиниме странските влади за ширењето на радикализацијата на Балканот, бидејќи немаме докази за тоа, рече Хоџај. 

Голем број косовските граѓани, во споредба со другите делови на Европа, заминаа да се борат во редовите на Исламска држава. 

Во врска со неуспешниот обид на Косово да стане членка на УНЕСКО, кој минатата година заврши со тесна победа на Србија и Русија, Хоџај изрази уверување дека следниот пат кога ќе аплицира Косово ќе добие доволно гласови за да стане членка, што според него ќе му помогне на патот за целосно меѓународно признавање. ац/ссм/09:02

###



Австрија: Балканот подрачје за регрутација на џихадисти во Европа

Виена, 27 септември 2016 (МИА) - Австриското Министерство за одбрана предупредува дека Западен Балкан претставува подрачје за регрутација и логистичка база на џихадистите во Европа.

Во извештајот за актуелната безбедносна состојба од 14 септември, аналитичарите на Министерството за одбрана прикажуваат загрижувачки слики, особено кога станува збор за Босна и Херцеговина, пренесува Танјуг. 

- Проблемот со исламизмот на Западен Балкан се рефлектира врз основа на поврзаноста преку дијаспората, на просторот на ЕУ, се вели во извештајот.

И додека во Косово по апсењето на салафистичите лидери е забележано намалување на активностите, во Босна и Херцеговина се зголемува опасноста од терористички напади, се додава во извештајот, кој го објави виенскиот весник „Хојте“.

Лицата од исламистичкиот спектар, според Министерството, формираат пред се во БиХ исламистички центри и места. 

Со растечкиот притисок на Исламска држава во Сирија и Ирак се зголемува и веројатноста од терористички напади од страна на симпатизерите на таа терористичка организација, како на Западен Балкан, така и во цела Европа, предупредуваат аналитичарите од австриското Министерство за одбрана.

Австрија на Западен Балкан е присутна со речиси 800 војници, 325 во мисијата на ЕУФОР во БиХ и 465 во мисијата КФОР на Косово. ац/ссм/10:48

###



Турските власти издадоа наредба за апсење на 121 осомничен член на ФЕТО

Истанбул, 27 септември 2016 (МИА) - Турските власти издале наредба за апсење на 121 осомничен член на Фетулаховата терористичка организација (ФЕТО), јави турската телевизија „НТВ“. 

Утринава во Истанбул и други 18 окрузи започна операција за апсење на приврзаниците на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД. 

Меѓу лицата, за кои е издадена наредба за апсење, има директори на фондации, поврзани со движењето на Ѓулен, пренесува БТА.

ТАСС посочува дека властите започнале истрага врз една од најголемите хуманитарни организации во Турција - Асоцијација за взаемна помош „Кимсе јок му“. 

Се смета дека хуманитарната организација е поврзана со Ѓулен и со финансирањето на тероризмот. 

Екипи во моментов вршат претрес во домовите и канцелариите на 121 соработник на фондацијата. 

Соработниците се осомничени за „раководење и членство во вооружена терористичка организација“, „финансирање на тероризам“ и „измама и злоупотреба на сретства“. 

Според истражителите Асоцијацијата не ги исполнила ангажманите за донирање на собрани сретства за потребите на африканските земји.

Станува збор за 18 милиони долари, за дел од нив, за кој се смета дека е предаден на ФЕТО и на политичарите во САД. 

ТАСС јави, дека турските власти започнале темелна истрага врз сопственикот на една од најголемите компании, која нуди приватни авиони под наем, Фарук Бајандар. 

Неговата компанија „Тарким хаваџалак“ е осомничена за врски со ФЕТО. 

Полицијата во мемнтов врши претрес на десетици авиони на компанијата во Истанбул и Адана. 

Се смета дека Бајандер можно е да избегал од Турција во САД. 

Турските власти оценуваат, дека ФЕТО на проповедникот Фетулах Ѓулен, стои зад обидот за преврат во Турција на 15 јули.

Властите досега уапсија илјадници осомничени за поврзаност со пучот. см/ссм/11:38

###



„Катимерини“: Ненадеен пресврт на тендерот за телевизиски лиценци во Грција

Атина, 27 септември 2016 (МИА) - Ненадеен пресврт се случи на тендерот за телевизиски лиценци во Грција, откако се покажа дека еден од претендентите, близок до Владата, издавачот Јанис Калогрицас, кој потекнува од познато бизнис семејство и победи на тендерот, не е во состојба да ја депонира бараната сума од 18,5 милиони евра од првата транша, поради што се повлече од трката, пишува весникот „Катимерини“.

Весникот оценува дека по повлекувањето на Калогрицас, во игра се враќа рускиот претприемач со грчко потекло Иван Савидис, кој првично се пријави на тендерот, но потоа се повлече.

Согласно регулативите, компанијата на Калогрицас, ДМИ треба следните недели да обезбеди околу 20,3 милиони евра за да и биде доставена четвртата телевизиска лиценца. 

До вчера, кога беше последниот ден за исплаќање на првата транша од сумата за учество на тендерот, со ова барање се согласија другите тројца учесници, кои добија лиценци, телевизискиот канал Скај, компанијата Алтер Его и Антена ТВ. Првите две кои го добија тендерот, ја исплатиле сумата минатата недела, а Антена ТВ вчера достави 25,3 милиони евра.

Компанијата Колограцис е ќерка фирма на кипарската компанија Димера. Во неа акционери се синовите Јоргос и Никос на другиот кандидат за лиценца, рускиот претприемач Иван Савидис. Контролата на акциите во компанијата сепак ја има нивниот татко. За државната телевизија ЕРТ Савидис изјави дека подготвен веднаш да уплати 20 милиони евра, доколку добие дозвола од властите. 

Стартната цена на лиценците беше определана на три милиони евра, а крајната варираше меѓу 43,6 и 75,9 милиони евра, многу повеќе над очекувањата на кандидатите. Државата си обезбеди вкупно 246 милиони евра. 

Кандидатите беа претежно влијателни грчки семејства или бродски магнати, а целата тендерска постапка медумите ја означија како „лошо ријалити шоу, кое има за цел да го оттргне вниманието на луѓето од економските потешкотии“, бидејќи учесниците во него беа затворени во одделни простории во период од три дена без мобилни телефони и лаптопи.

Тројца од нив, вклучувајќи го и рускиот претприемач Иван Савидис, претседател на ФК ПАОК, се сопственици на фудбалски клубови. 

Весникот „Елефтерос типос“ го нарече „Ватерло“ тоа што денеска се случи со тендерот, нагласувајќи дека тоа е неуспех на владиниот кабинетот и на инициајторите на таа трка за владини лиценци. 

Владата тендерот го означува како обид да се регулира секторот, кој според неа е лошо управуван и корумпиран. Аналитичарите стравуваат дека новите лиценци ќе доведат само до прераспределба на пазарот и до затворање на некои телевизии, оставајќи илјадници луѓе без работа.

Предлогот на надлежните за лиценци се ограничува само на четири телевизии, што значи дека некои од вкупно осумте канали, кои досега имаа национална лиценца, ќе треба да бидат затворени. ац/ссм/12:32

###



Турските власти отпуштија 87 службеници во државната разузнавачка служба

Анкара, 27 септември 2016 (МИА) - Турските власти ослободија од должност 87 вработени во Националната разузнавачка агенција (МИТ) под сомнение дека се поврзани со проповедникот Фетулах Ѓулен, којшто живее во САД, и кој, според Анкара, стои зад неуспешниот обид за преврат во јули.

Обвиненија се поднесени против 52 од разрешените лица. Со ова, вкупниот број отпуштени од МИТ во врска со обидот за воен удар, се искачи на 141 лице, јави агенцијата Анадолија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...