За учество на претседателските избори во Бугарија регистрирани 30 субјекти

Софија, 29 септември 2016 (МИА) - За учество на претседателските избори во Бугарија, закажани за 6 ноември, досега се регистирани вкупно 30 субјекти - 11 политички партии, пет коалиции и 14 иницијативни комитети на независни кандидати, соопшти денеска портпаролката на бугарската Централна изборна комисија, Камелија Нејкова.

Како што јави БТА, крајниот рок за регистрирање на кандидати за учество на изборите е до 4 октомври во 17 часот.  

Нејкова нагласи дека досега се поднесени кандидатури на деветмина претседателски кандидати, од кои дел веќе се потврдени, а за остантите постапката за регистрација е во тек.

По утврдувањето на сите кандидати за претседател, на 5 октомври во ЦИК треба да се одржи ждребка за редоследот на кандидатите на гласачките ливчиња.

Крајниот рок за објавување на регистрираните кандидатски листи за претседател во Службениот весник на Бугарија е 6 октомври.

Меѓу досега познатите кандидати за претседател се и Румен Радев, кој официјално настапува како независен кандидат, но е поддржан од најголемата опозициска сила Бугарската социјалстичка партија (БСП), потоа поранешниот шеф на бугарската дипломатија Ивајло Калфин кој е кандидат на партијата Алтерантива за бугарска преродба (АБВ), Трајчо Трајчов од Реформскиот блок, Красимир Каракачанов од коалицијата Обединети патриоти и поранешниот премиер Пламен Орешарски, која настапува како неависен кандидат.

Владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) се уште официјално не го соопшти името на својот предлог, но медиумите како можни кандидати ги посочуваат бугарскиот премиер Бојко Борисов, партиксиот потпретседател Цветан Цветанов, претседателката на Парламентот, Цецка Цачева, вицепремиерот Томислав Дончев и градоначалниците на Софија и на Бургас, Јорданка Фандакова и Димитар Николов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...