Русија ја разгледува можноста за враќање на визен режим со Турција

Сочи, 30 септември 2016 (МИА) - Русија ја разгледува можноста за предвремено враќање кон олеснет визен режим со Анкара, првенствено поради високата закана од тероризам во Турција, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Алексеј Мешков, јави ТАСС.

- Засега ја разгледуваме можноста за предвремено враќање кон олеснет вижен режим, додаде Мешков. 

Тој истакна дека нивото на соработка меѓу органите за безбедност и специјалните служби на двете земји засега не може да се означи како позитивно.

- Затоа соодветно ќе биде да се зборува за поедноставување на визниот режим во случај на обезбедување на активна и поефикаска соработка на безбедносните структури на Русија и Турција и намалување на ризиците од тероризам во Турција, рече Мешков.

Тој истакна дека безбедноста на руските граѓани, кои престојуваат во Турција била и ќе остане приоритет за Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...