Ердоган го отвори новиот тунел под Босфор

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прв се возеше низ првиот тунел, кој под Босфор ги поврзува европската и азиската страна на Истанбул, што е најновиот мегапроект во тој турски град.

На фотографиите, кои ги објави кабинетот на претседателот се гледа првото возење низ тунелот „Евроазија“. Ердоган вчера беше зад воланот на црн автомобил, на местото на совозачот беше премиерот Бинали Јилдирим, а со нив беше и министерот за сообраќај Ахмат Арслан.

- Денеска го изведовме последното пробно возење низ еден од историските турски проекти, рече Ердоган.

Изградбата на тунелот долг пет километри, на две нивоа почна во 2011 година. Тунелот за јавноста ќе биде отворен на 20 декември. Благодарение на тунелот од едната до другата страна на Истанбул наместо за 100 минути ќе може да се стигне за 15 минути.

Министерот Арслан изјави дека возачите употребата на тунелот „Евроазија“ ќе ги чини четири евра плус данок.

Проектот чинеше околу 1,25 милијарди долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...