Жители на Пиреја се противат на изградба на хостел за деца бегалци без придружба

Атина, 22 ноември 2016 (МИA) - Десетици жители од Пиреја синоќа прекинале состанок на претставници на Советот на општината, во знак на протест против плановите на невладина организација да отвори хостел за деца бегалци и мигранти кои се без придружба.

Според извештаите, жителите Пиреја се противат на проектот на невладината организација „Праксис“, која изнајмила поранешна училишна зграда во петтата област во Пиреја и планира да ја претвори во хостел. На прашање од страна на градоначалникот на Пиреја Јанис Моралис, претставници на НВО, наводно, изјавиле дека во хостелот ќе бидат сместени само 20 деца од илјадници кои останаа заглавени во Грција.

Како одговор на загриженоста на граѓаните, комисија од општината ги запре градежните работи, затоа што невладината организација немала потребна дозвола. Сепак, Моралис застанал во одбрана на планот и ги критикувал демонстрантите за нивната реакција.

- Сметам дека е незамисливо во град кој има добиено толку многу пофалби од Грците и странците за неговите напори да ги храни и да обезбеди клучни услуги на илјадници луѓе, да крене глас против вдомување на децата без придружба, ја цитира АНА-МПА изјавата на Моралис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...