Почна судскиот процес против Фетулах Ѓулен

Анкара, 22 ноември 2016 (МИА) - Во Судот за тешки кривични дела во Анкара денеска почна судскиот процес против исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен и лица поврзани со неговата организација, под обвинение за организирање на обидот за преврат во Турција во јули годинава.

Како што јави ТАСС, на почетокот на процесот, судијата соопшти дека адвокатот на Ѓулен, кому му се суди во отсуство, го информирал дека „нема да го брани обвинетитот“.  

Адвокатот Алихан Унџу беше именуван како бранител на Ѓулен по службена должност од страна на Адвокатската комора од Анкара уште во септември годинава, но тој протестираше поради ваквата одлука и се закани со напуштање на асоцијацијата доколку не биде сменет од овој судски процес, но Комората го одби неговото барање.

Во рамки на овој судски процес обвинети се вкупно 73 лица, од кои најголемиот број се поранешни раководители и вработени во институциите под покровителство на организацијата на Ѓулен, како и неколкумина поранешни пратеници. 

Јавното обвинителство за дел од обвинетите бара по неколку доживотни затворски казни, а за дел максимум до 132 години затвор. Тие, меѓу останатото, се товарат за обид за насилно уривање на Владата, за воена шпионажа и за фалсификување на службени документи.

Проповедникот Ѓулен живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија и Вашингтон досега не одговори позитивно на барањето на Анкара за негово апсење и екстрадиција во Турција. Уште по упатувањето на првото барање за екстрадиција, американските власти соопштија дека ќе и го предадат Ѓулен на Турција, доколку добијат недвосмислени докази за негова вмешаност во обидот за преврат.

Ѓулен од своја страна негира каква и да е негова поврзаност со неуспешниот државен удар во Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...