Грчката Влада ќе го зголеми лимитoт за повлекување пари од банките

Атина, 30 ноември 2016 (МИА) - Владата во Атина планира да ја зголеми до две илјади евра горната граница на сумата на средства што граѓаните можат ги повлечат од банките.

Мерката е во рамки на уште едно намалување на капиталните ограничувања во Грција, воведени пред една година со надеж дека клиентите ќе вратат дел од парите, кои панично ги повлекуваа од банките поради кризата, пишува весникот „Етнос“.

Во моментов Грците можат да повлечат до 840 евра од банките. Зголемувањето на лимитот е на барање на Грчката асоцијација на банките. 

Планот на Владата предвидува Грците да можат да ја повлекуваат целата сума еднаш месечно. Ќе им биде овозможено исто така слободно да отвораат и нови банкарски сметки. Досега ваква можност имаше само една конкретна група луѓе, како на пример грчките студенти во странство.

За да се реализира ова олабавување на капиталните ограничувања потребно е зелено светло да биде дадено и од кредиорите на Грција. Тоа се очекува да се случи, откако тие ќе ја завршат втората проверка на грчката програма, додава весникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...