Јилдирим: Руско-турските односи се нормализираат со брзо темпо

Москва, 6 декември 2016 (МИА) - Односите меѓу Москва и Анкара се нормализираат со брзо темпо, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим при разговорот со претседателот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко, јави ТАСС. 

- Оставивме зад нас период кој донесе големи ограничувања за нашите земји, наведе Јилдирим. 

- Нашите односи се нормализираат со брзо темпо. Многу е лесно да се расипат односите, а да се повратат е многу тешко, нагласи тој.

- Понекогаш за неколку минути се губи она што е создавано со години наназад, истакна турскиот премиер. 

Според мислењето на Јилдирим земјите извлекле лекција од инцидентот. 

- Многу е загубено за Турција и од Русија за тоа време, и треба да се прават големи напори за да биде покриен тој дефицит, порача турскиот премиер. 

Истовремено, претставникот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека на денешната средба меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и турскиот премиер Бинали Јилдирим е можно да биде разгледана ситуацијата во Сирија, но главна тема на средбата ќе бидат претстојните контакти на рускиот лидер со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...