Атина, 17 јануари 2017 (МИА) - Градоначалниците на Лезбос, Хиос, Самос, Кос и Лерос, островите кои се најмногу погодени од кризата со бегалците, побараа средба со премиерот Алексис Ципрас на 23 јануари.
Во писмо испратено до премиерот, петмината градоначалници истакнуваат дека состанокот е неопходен „за да се дојде до прифатливо решение за островите кои го носат товарот на бегалската криза“.
Тие, исто така, сакаат да го информираат Ципрас за нивните „заеднички ставови во врска со бегалската криза, секогаш во контекст на нивната подготвеност да соработуваат за доброто на островите“, стои, меѓу другото, во писмото.