Коцијанчиќ: Турција треба да ги почитува демократските стандарди на ЕУ, па и слободата на медиумите

Брисел, 21 февруари 2017 (МИА) - Турција како земја кандидат за членство во ЕУ треба да ги почитува демократските стандарди на заедницата, вклучувајќи ја и слободата на медиумите, изјави денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, коментирајќи го приведувањето на дописникот на германскиот весник „Велт“во Анкара, јави ТАСС.
- Ние внимателно ќе го следиме развојот на случајот и на другите предмети на приведување новинари во Турција. Ние повеќепати сме повторувале дека Турција треба да ги почитува највисоките демократски стандарди на ЕУ, вклучувајќи ја и слободата на медиумите, која е појдовна основа на секое демократско општество, посочи портпаролката.
Во електронското издание на весникот „Велт“ претходно се појави информација дека дописникот на весникот е приведен од турската полиција под сомнение за учество во терористичка организација, неправилно користење на податоци и терористичка пропаганда.
Според податоците на весникот, 43-годишниот репортер Дениз Јуџел, кој има германско и турско државјанство, претходно бил баран во врска со расветлување на случајот со хакерските напади на електронската пошта на турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак.
Весникот прецизира дека на 14 февруари новинарот бил распрашан во полициската управа во Истанбул и дека бил претресен и неговиот дом.
Американските медиуми пренесуваат дека германското Министерство за надворешни работи изрази надеж дека предметот ќе биде разгледан „во согласност со владеењето на законот“.
Германското МНР се надева и на праведен однос со „почитување на слободата на печатот, гарантирана од турскиот Устав“.
Главниот уредник на „Велт“ ја истакна одличната работа на Дениз Јуџел и убеден е дека „праведната судска истрага ќе доведе до утврдување на неговата невиност “.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...