Германија со рекорден суфицит во буџетот

Берлин, 23 февруари 2017 (МИА) - Германската влада, покраините и општините за минатата годна пријавиле рекорден остварен вишок во своите буџети, обајвува денеска германската Национална канцеларија за статистика (Дестатис).
Како што јавува дописникот на МИА од Берлин буџетскиот суфицит од 23,7 милијарди евра за 2016 година се должи пред се на здравата економија и поволните услови во кои функционира пазарот на работна сила односно поголемиот број вработувања и инвестиции кои што носат пари во државната каса.
Само федералната влада лани остварила суфицит од 7,7 милијарди евра а сите покраини и општини во најсилната европска економија заедно имаат вишок од 16 милијарди евра на своите конта. Според „Дестатис“ суфицитот ги урива рекордите три години по ред и е највисок од 1990 година односно од обединувањето на Германија. На нивото на буџетот не влијаат ниту трошоците за справување со бегалската криза и за прифат на околу 900 илјади бегалци кои што лани влегоа во земјата за кои владата во Берлин и покраинските влади потрошија десетина милијарди евра.
Претходно Бундесбанката предвиде дека германската економија поради зголемената потрошувачка и градежниот бум ќе има забележителен раст и во првиот квартал на 2017 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...