„Јени Шафик“: Турција би можела да го ограничи пристапот на САД до базата Инџирлик

Анкара, 1 март 2017 (МИА) - Турција би можела да донесе одлука за ограничување на пристапот на американските сили до воздухопловната база Инџирлик, доколку во офанзивата врз главното упориште на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, Рака, бидат вклучени и силите на сириските Курди, објави турскиот весник „Јени Шафик“.
Анкара се противи на вклучувањето на военото крило на Партијата на демократската унија на сириските Курди, Силите за заштита на народот во сојузничката офанзива против ИД во Рака, затоа што двете организации ги смета за терористички групи поврзани со Курдската работничка партија (ПКК).
Според весникот, доколку САД решат да ги вклучат Силите за заштита на народот во офанзивата врз Рака, тогаш Анкара би можела да им забрани на американските авиони прелет преку турскиот воздушен простор, со што би се отежнало спроведувањето на операцијата.
Во воената база Инџирлик, која се наоѓа во реонот на јужниот турски град Адана, се стационирани десетици авиони на воените воздухопловства на САД, Германија, Велика Британија, Саудиска Арабија и Катар, кои се вклучени во воздушните напади на силите на меѓународната антиџихадистичка коалиција врз цели на ИД во Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...