Слаб прием за Федерика Могерини во српското Собрание

Белград, 3 март 2017 (МИА) - Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини на посебната седница на српското Собрание ја дочека млако ракоплескање од пратениците, за разлика од силниот аплауз за премиерот Александар Вучиќ, нејзиното обраќање го следеше постојаното скандирање на пратениците од Српската радикална партија (СРС): „Србија, Русија, не ни треба Унијата“.
Пратениците на партијата „Двери“ со лидерот Бошко Обрадовиќ молчешкум стоеја со картони на кои на српски и англиски јазик пишуваше „Србија не му верува на Брисел“, додека радикалите скандираа и со рацете тропаа по пратеничките клупи.
Могерини, на почетокот од говорот, ги поздрави пратениците на српски јазик, наведувајќи дека и е чест што се обраќа во домот на српската демократија, а во текот на обраќањето на двапати се осврна на скандирањата против неа и Брисел - еднаш со забелешката дека подготвила подолг говор, а потоа и дека не се заморила, односно дека пратениците треба да ги „чуваат своите грла“ за обраќањата пред гласачите.
Пратениците на СРС уште на еден ден пред седницата најавија дека претседателската кампања практично ја почнуваат со попречување на посетата на Могерини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...