Лајчак: Сакав да го свртам вниманието на ЕУ на одговорноста која ја имаме кон Балканот

Сараево, 24 март 2017 (МИА) - Со изјавата дека две држави во Западен Балкан се на работ на распаѓање, а три во длабока политичка криза, сакав да го свртам вниманието на Европската унија на одговорноста која ја имаме кон регионот, изјави министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак во интервју за „Дневни Аваз“.
Тој не сакаше да објасни на кои држави конкретно мислел.
- Тоа беше моето предупредување, и кон ЕУ, но и кон регионот. Бидејќи ако две држави се „на работ на распаѓање“, нештата можат да се запрат, процесите да се свртат во спротивна насока и тоа е обврска и одговорност не само на регионот, туку и наша, во Унијата, потенцираше Лајчак.
Некогашниот висок претставник на Меѓународната заедница во БиХ не крие дека не му било драго што неговата изјава, дадена пред состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи на 6 март, наиде на осуди во регионот. Сепак тој истакнува дека неговата изјава не ја дал брзоплето.
- Реков дека ние не го правиме она што го ветивме на Западен Балкан. Дури две години овој регион не беше на дневниот ред на Советот на министри на ЕУ. Истакнав дека ветивме европска перспектива, дека постојано очекуваме од нашите партнери во регионот да ги исполнуваат нашите услови, но дека и тие од нас очекуваат да бидеме лидери. А ние тоа не сме. Факт е дека состојбата на Западен Балкан и во одделни држави е полоша од порано, да речеме од пред пет години. А требаше да биде спротивно, истакна Лајчак.
- Дискусиите меѓу колегите министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ беа добри и охрабрен сум од она што го слушнав, потенцираше Лајчак за „Дневни Аваз“. ви/ссм/14:46
###



Вучиќ: Србија никогаш нема да се прилучи во НАТО
Белград, 24 март 2017 (МИА) - Српскиот премиер Александар Вучиќ вети дека неговата земја никогаш нема да се присоедини кон НАТО или кој и да е друг воен сојуз.
Вучиќ ова го наведе ова за време на говорот на комеморативната церемонија на железнички мост во јужна Србија, каде во 1999 година бомбардер на НАТО гранатираше патнички воз и при тоа уби најмалку 28 лица, меѓу кои и мали деца.
- Ние никогаш нема да бидеме дел од Алијанса, што убиваше наши деца, ниту дел од која било друга Алијанса, нагласи Вучиќ.
На денешен ден пред 18 година НАТО почна да ја бомбардира Србија со цел да ги натераат српските сили да ги прекинат крвавите конфликти со косовските борци.
Бомбардирањата траеа 78 денови и оттогаш Србија е против Алијансата.
Иако Србија веќе води преговори за членство во Европската унија, таа ја зајакна воената соработка со Русија, која се согласи да и достави воени авиони, тенкови и противракетни системи. см/ссм/15:22
###



Потона брод со мигранти, 11 мртви, четворица исчезнати
Анкара, 24 март 2017 (МИА) - Најмалку 11 лица денеска загинаа, а четворица се сметаат за исчезнати кога брод кој превезуваше мигранти потона во близина на турскиот брег во Егејското Море, јави турската телевизија НТВ.
Спасувачите успеале да извлечат седум лица.
Детали од несреќата засега не се познати. ви/ссм/14:52
###



Бугарите одржуваат протести на границата со Турција
Софија, 24 март 2017 (МИА) - Бугарските националисти денеска блокираа три премини на границата со Турција со цел да спречат илјадници Турци со бугарски пасоши да учествуваат на изборите во земјата, што се закажани за в недела, пренесува Танјуг.
Протестите означуваат нова ескалација на односите меѓу Бугарија, која е членка на Европската унија, и соседна Турција поради отворената поддршка на Анкара за новата партија што го претставува турското малцинство во Софија.
Околу 50 демонстранти се собрале во селото Капетен Андреево и носеа плакати на кои пишуваше „Бугарија над се!“ и „Не на турското мешање!“.
- Ќе останеме овде и ден и ноќ за да го зачуваме суверенитетот на нашата татковина, нагласи организаторот на протестите Валери Симеонов.
Во Бугарија живеат 700.000 припадници на муслиманското малцинство, од кои повеќето се Турци, додека најмалку 200.000 Турци со бугарски пасош живеат во Турција.
Тие традиционално гласаа за Движењето за права и слободи, но таа партија почна многу да ја критикува Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган. см/ссм/16:20
###




Дванаесет сириски бегалци загинаа при обид да стигнат до Грција
Анкара, 24 март 2017 (МИА) - Дванаесет сириски бегалци, меѓу кои и пет деца, загинаа при обид да стигнат по морски пат до Грција со гумен чамец. Инцидентот се случил во турскиот град Кушадаси.
Со чамецот, што потонал патувале вкупно 22 бегалци од Сирија.
Седумина се спасени, а се уште не е позната состојбата на останатите три лица.
Турските власти задржале три лица, кои се осомничени дека го организирале патувањето. см/ссм/16:51
###



В понеделник средба Путин - Вучиќ
Москва, 24 март 2017 (МИА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин в понеделник, 27 март во Москва ќе го прими српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Вучиќ вчера изјави дека за врема на средбата со Путин ќе ртазговара пред се за економската соработка меѓу двете држави.
Тој истакна и дека е можно една руска компанија, која произведува различни видови машини, да инвестира во Србија. ми/ссм/16:34
###



Ердоган: За мене Европа ќе биде „нацистичка“ се додека ме нарекува „диктатор“
Анкара, 24 март 2017 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека ќе продолжи европските земји да ги нарекува „нацистички“ се додека тие го оценуваат него како „диктатор“.
- Тие имаат слобода да го нарекуваат Ердоган „Диктатор“, но Ердоган нема слобода нив да ги нарекува „фашисти“ или „нацисти“. Никој да не се навреди - ќе продолжам за нив да ги користам истите изрази се додека тие го нарекуваат Ердоган диктатор, нагласи турскиот претседател.
Турскиот претседател исто така изрази жалење поради забелешките на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер против него, пишува денеска турскиот весник „Дејли Сабат“.
Штајнмајер при неговиот прв претседателски говор, нагласи дека Ердоган се заканува дека ќе го уништи се она што неговата земја го стекнала во претходните години и дека ги загрозува односите со турските партнери. см/ссм/18:22
###



Тилерсон ќе се сретне со Ердоган за време на посетата на Анкара
Вашингтон, 25 март 2017 (МИА) - Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ќе се сретне за време на посетата на Турција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти Стејт департментот.
- Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон заминува за Анкара на 30 март за да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и други високи турски државни претставници, што ќе биде во насока на продолжување на соработката на САД со нашиот сојузник во НАТО на високо ниво, нагласи Стејт департманетот.
Во соопштението се нагласува дека Тилерсон планира да ги разгледа натамошните начини за борба против групацијата Исламска држава.
Тилерсон по Турција ќе се упати за Брисел за посета на седиштето на НАТО. ац/09:34
###



Јункер: Распаѓањето на ЕУ може да предизвика војна на Западен Балкан
Лондон, 25 март 2017 (МИА) - Распаѓањето на Европската унија може да предизвика војна на Западен Балкан, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.
Јункер истакна дека за време на посетата на заменик-претседателот на САД, Мајкл Пенс на Брисел му го кажал следното прдупредување: „Му посочив на вицепремиерот - Не го зборувајте тоа, не ги повикувајте другите да ја напуштат ЕУ, затоа што ако ЕУ се распадне ќе имаме нова војна на Западен Балкан, рече тој, коментирајќи го претстојното излегување на Велика Британија од Унијата.
- Ако ги оставите сами, Босна и Херцеговцина, Република Српска, Македонија, Албанија, сите тие земји, ќе имаме нова војна, додаде Јункер.
- Луѓето ммислам дека со излегувањето на Велика Британија од ЕУ се завршува. Не тоа е само почетокот. нагласи Јункер. ац/08:55
###



„Блиц“: Терористот од Лондон убивал Срби во ’90-те години во Босна
Белград, 25 март 2017 (МИА) - Халид Масуд, кој во средата изврши терористички напад во Лондон, за време на војната во Босна и Херцеговина бил припадник на злогласниот одред „Ел Муџахид“, пишува „Блиц“.
Белградскиот весник објави дека поседува листа од 1.774 борци на одредот „Ел Муџахид“, меѓу кои е и името на Масуд.
Весникот додава дека тој како исламски „светски воин“ во Босна дошол на 1 мај 1993 година, кога се приклучил кон арапските борци од тој одред, кои се наоѓал под команда на Третиот корпус на армијата на БиХ.
На почетокот на ’90-те години од минатиот век, според весникот Масуд го радикализирале познатите вехабистичи лидери Абу Хамза ал Мисри и Омар Бакри Мухамед.
- Станува збор за луѓе, кои на почетокот на граѓанската војна во БиХ одиграа пресудна уога во формирањето на злогласниот одред „Ел Муџахид“, кој дејствуваше во рамки на Третиот корпус на т.н. Армија на БиХ и кој се „прослави“ со стравични злосторства врз заробените српски цивили и војници, пишува „Блиц“, повикувајќи се на извори на разузнавачко-безбедносните структури.
Весникот ја пренесува и изјавата на членот на Експертскиот тим за Југоисточна Европа за борба против тероризмот, Џевад Галијашевиќ, според кого Масуд за време на војната во БиХ, бил припадник на „Ел Муџахид“.
Галијашевиќ изјави дека Масуд, кој покрај своето име го имал и додатокот Абдула, кој го користеле голем број припадници на тој одред, од Босна си заминал на 25 декември 1995 година. ац/09:11
###



САД ќе ја разгледаат можноста за проширување на военопоморската база на НАТО на Крит
Вашингтон, 25 март 2017 (МИА) - САД ќе ја разгледаат можноста за проширување на военопоморската база на НАТО во заливот Суда на грчкиот остров Крит, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Матис на средба со грчкиот колега Панос Камеонс.
Матис нагласи дека базата е клучен военопоморски објект и дека се наоѓа во рацете на способна членка на НАТО во јужниот дел.
На средбата, која се одржа вчера Матис и Каменос разговарале и за миграцијата преку Средоземното Море, тероризмот и нестабилноста на Балканот во Северна Африка и на Блискиот Исток. ац/12:03
###



Шешељ: Ако победам на претседателските избори, Вучиќ че биде премиер
Белград, 25 март 2017 (МИА) - Кандидатот на Српската радикална партија за претседателските избори во Србија, Воислав Шешељ изјави дека ако победи, неговиот ривал Александар Вучиќ ќе биде премиер, пишува весникот „Данас“.
Шешељ ги демантира тврдењата дека е „лажна опозиција“ на неговиот соперник и оти Вучиќ го држи во раце, со тоа што му плаќа да не го напаѓа.
Тој додаде дека го критикува Вучиќ, но и му ги признава добрите страни.
Шешељ го пофали премиерот дека го издржал притисокот и не вовел санкции против Русија и одбил да ги предаде на Меѓународниот суд тројцата радикали обвинети дека заплашувале сведоци во судскиот процесот против него.
Шешељ беше обвинет за воени злосторства, но Судот го ослободи од обвиненијата.
Тој го критикува Вучиќ дека учествува во дијалогот со Косово, води политика насочена кон ЕУ и кон воена неутралност и им дава субвенции на странски инвеститори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...