Саша Јанковиќ: Косово фактички е независен дел од Србија

Белград, 30 март 2017 (МИА) - Претседателскиот кандидат за изборите во Србија, Саша Јанковиќ, во интервју за ТАСС изјави дека не ја признава независноста на Косово, но смета дека тоа фактички е независно.
- За мене Косово, со неговите специфични особености, е дел од Србија, но фактички тоа е независно. Јас, меѓутоа, се надевам дека ќе се изгради таква Србија од која луѓето нема да сакаат да бегаат. Тоа може да се случи по 10, 20, 40 години, не утре, но јас не сакам Србија да ја лишувам од можноста да си го поврати Косово, изјави Јанковиќ.
Тој, истовремено, изјави дека не е подготвен да војува за Косово, туку смета дека секој чекор што Србија го презема е таму да ја подобрува ситуацијата и да ги спречува конфликтите.
Јанковиќ (46) во текот на последните 10 години беше омбудсман, но поднесе оставка за да може да учествува на претседателските избори како кандидат на граѓанската иницијатива „Србија без страв“.
Според истражувањето на агенцијата „Ипсос“, од 11-те претседателски кандидати најголеми шанси за победа на избори има премиерот Александар Вучиќ, кој уште во првиот круг може да собере над 50 проценти од гласовите, а на второ место е Јанковиќ со 14 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...