Тилерсон се сретна во Анкара со Ердоган и Јилдирим

Анкара, 30 март 2017 (МИА) - Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон и турските официјални претставници денеска разговараа за начините за координација во борбата против групацијата Исламска држава во Ирак и Сирија.
Разговорите во Анкара се одржаа еден ден откако Турција објави дека завршува операцијата „Еуфратски штит“ во Сирија, која почна во август.
Во соопштение од канцеларијата на турскиот премиер Бинали Јилдирим не се спомнати различните ставови на Турција и САД за улогата на курдските сили во кампањата против ИД, при што е посочено само дека двете сојузнички во НАТО се договориле да ја зајакнат соработката по регионалните прашања.
Тилерсон, кој се сретна и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган по разговорите со Јилдирим, посочи дека го потенцирал значењето на Турција за американската безбедност и за економските врски во регионот.
Планирано е Тилерсон да се сретне и со министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...