Москва: Турција не е надлежна да кажува кој користел хемиско оружје во Сирија

Москва, 12 април 2017 (МИА) - Прашањето за тоа дали некој користел хемиско оружје во градот Хан Шејхун во сириската провинција Идлиб не е во надлежност на Турција, изјави денеска портпаролката на руското Министертсво за надворешни работи, Марија Захарова.
Како што јави ТАСС, ваквата изјава на Захарова претставува реакција на изјавата на турскиот министер за здравство Реџеп Акдаг дека при минатонеделниот напад во Хан Шејхун бил употребен гасот сарин.
- Мислам дека турското Министерство за здравство треба да се занимава со анализа на квалитетот на морската вода во пресрет на туристичката сезона и да го проверува квалитетот на прехранбените продукти, пред се во туристичките места, рече Захарова.
Таа потенцира дека прашањето за употреба на хемиското оружје е во надлежност на меѓународните организации, како што е Организацијата за забрана на хемиското оружје.
Акдаг вчера изјава дека „експерти точно утврдиле“ оти при нападот во сириската провинција Идлиб бил употребен сарин.
При минатонеделниот напад со хемиско оружје во градот Хан Шејхун, кој е под контрола на сириските бунтовници, загинаа десетици цивили, а стотици други беа ранети. Западните земји за нападот ја обвинуваат сириската армија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...