Ердоган: Не одам кон диктатура, може да умрам во кој било момент

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за Си-Ен-Ен изјави дека уставните реформи не значат премин на Турција кон диктатура, демантирајќи ги тврдењата дека тој нов систем е „скроен како за него“.

- Тоа не е систем, кој му припаѓа на Тајип Ердоган. Јас сум смртно суштество, можам да умрам во кој било момент, рече турскиот претседател.

Ердоган ги отфрли обвинувањата дека ги поддржал измените од желба да ја зајакне својата моќ, а не да го унапреди политичкиот систем во Турција.

- Системот претставува промена, трансформација, демократска историја на Турција, рече Ердоган во интервјуто дадено вчера во претседателската палата во Анкара.

Тоа, како што напомена Си-Ен-Ен, е првото интервју, кое Ердоган го дал по референдумот.

- Навистина, промените се големи. Но тоа не значи дека постои диктатор. Таму каде што има диктатурата нема претседателски систем. А тоа што го видовте во неделата се нарекува демократија. Јас тоа го нарекувам волја на народот, рече тој.

Ердоган наведе дека „инаку е фудбалер“ и дека со спортски жаргон ќе ја објасни моменталната ситуација.

- Нема врска дали ќе победиш со 1-0 или со 5-0, победа е победа, изјави турскиот претседател.

Тој напомена дека Турција цели 54 години стои пред вратите на ЕУ.

- Од политичка гледна точка, тоа едноставно не е подносливо. Се обидовме да ги исполниме сите нивни барања, но тие не ги одржаа своите ветувања. Ако ја променат политиката кон Турција, тогаш повторно можеме да седнеме на маса и да видиме што може да направиме, рече Ердоган.

Тој изрази задоволство од честитките од американскиот претседател Доналд Трамп во врска со референдумот.

- Тоа е убаво, но уште подобро би било да се сретнеме и да ја подобриме нашата соработка. Ми се доапаѓа Трамп, неговите чекори ме прават среќен. Ние сме сојузници и верувам дека можеме да решиме многу проблеми, порача Ердоган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...