ЕУ препорачува реформи и соработка во Западен Балкан, наместо опасни изјави

Брисел, 22 април 2017 (МИА) - Изјави, кои можат да се толкуваат како политичко мешање во внатрешните работи на соседна држава, не помагаат во градењето добрососедски односи во Западен Балкан, изјави за Танјуг портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, од која беше побарано да ги коментира изјавите на албанските лидери за можно обединување на Албанија и Косово.
Таа нагласи дека наместо да се даваат опасни изјави сите во регионот треба да се фокусират на реформите и соработката.
Коцијанчич изјави дека високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го потенцирале тоа.
Портпаролката на ЕК изјави дека ЕУ се придржува кон принципите на помирување и регионална соработка во Западен Балкан.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави во интервју во вторникот дека доколку европската перспектива на земјите од Западен Балкан продолжи да се намалува, не е исклучена можноста за обединување на Косово и Албанија. Косовскиот претседател Хашим Тачи ден потоа изјави дека ако ЕУ ги затвори вратите за Косово, сите Албанци од регионот „ќе живеат во една заедничка држава“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...