Романската гранична полиција пронашла 111 мигранти Букурешт, 22 април 2017 (МИА) - Романската гранична полиција соопшти дека пронашла 111 нелегални мигранти, скриени во камион. Мигрантите биле откриени синоќа на романско-унгарската граница, наведе романската полиција. Во групата имало Ирачани, Сиријци, Иранци, Авганистанци, Пакистанци и Индијци на возраст од две до 53 години. Возачот на камионот е Романец. Тој е задржан како соучесник.
|