Ѓукановиќ: Одлуката за членство во НАТО е од историско значење

Подгорица, 24 април 2017 (МИА) - Лидерот на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, изјави дека одлуката за потврдување на Северноатлантскикот договор е „од најголемо историско значење“ за оваа балканска држава, пренесува Ал Џезира Балкан.
Оваа одлука, што треба да биде донесена на 28 април на Цетиње, ќе биде во согласност со Уставот и законите на Црна Гора и никој нема да може да ја оспори, рече тој за црногорската ТВ „Прва“.
- Убеден сум дека ни обновата на независноста во 2006 година немаше многу да значи доколку не го остваривме членството во НАТО. Најдобар доказ за тоа се соседните земји кои не се во состојба да го дефинираат својот стратешки курс за развој, рече Ѓукановиќ и додаде дека сосема е исправна одлуката за членството на Црна Гора во НАТО да се одлучува во Собранието, бидејќи тоа е во согласност со Уставот.
„Граѓаните одлучија, така што мислам дека е непотребно шпекулирањето за тоа колку пратеници ќе бидат во салата кога за тоа ќе се гласа. Нема никаков сомнеж дека одлуката ќе биде донесена на валиден начин, знаеме како Собранието функционира“, додаде лидерот на ДПС и поранешен претседател и премијер на Црна Гора.
Зборувајќи за делот на опозицијата што е против НАТО, а за членство во Европската Унија, тој кажа тоа е само „невешта камуфлажа на антиевропскиот став“.
Ѓукановиќ додаде дека пред се мисли на лидерите на „таканаречената граѓанска опозиција“.
- Тие се определуваат не за европскиот, туку за рускиот систем на вредности. Немам никакви лоши предрасуди кон Русија, напротив, но немам дилема околу тоа што е поуспешен модел, рече тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...