Тачи му одговори на Хан: На ЕУ му недостасува водство и визија

По повод критиките на еврокомесарот Јоханес Хан околу изјавата за промени на границите на Западен Балкан, косовскиот претседател Хашим Тачи возврати дека тоа покажува дека на Европската Унија и „недостасува лидерство и визија“ во конкретизацијата на европската перспектива за Косово.
„За жал, ваквите изјави од европски комесар го покажуваат тоа што го кажав многу пати досега: дека на ЕУ и недостасува водство и визија во конкретизацијата на европската перспектива за Косово“, напиша Тачи синоќа на својот профил на Фејсбук.
Тачи, исто така, тврди дека „проектот Голема Албанија е производ на српската пропаганда со цел да го примени својот проект за Голема Србија, што сега речиси функционира пред носот на ЕУ“.
Своите критики кон косовскиот претседател Хан ги упати вчера по разговорите во Брисел со шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, порачувајќи дека се неприфатливи и контрапродуктивни изјавите на одделни лидери во регионот со кои се повикува на промена на границите.
Хан, претходно, изрази разочарување заради „запалливите изјави на одделни лидери во регионот“ и предупреди дека таквите изјави можат „да им се удрат од глава“ на оние кои ги кажуваат.
- Сакам да ја изразам својата разочараност, па дури и изнервираност заради запалливите изјави на одделни лидери во регионот. Таквите пораки, што можат да се сфатат како мешање во внатрешните работи на соседните земји и повикуваат на менување на границите, не се прифатливи и повеќе се контрапродуктивни, нагласи Хан.
Одговарајќи му на Хан на својот профил на Фејсбук, Тачи, исто така, наведе дека „дискриминацијата и изолацијата“ на косовските граѓани денес зборува „многу повеќе од монотоните изјави на некои претставници на ЕУ, што се повторуваат од 2000 година“.
Тачи порача и дека „нема Голема, ниту мала Албанија, има само Албанија и само Косово“, односно дека „добро е ЕУ да ја прифати оваа реалност и да почне Косово да го третира како независна и суверена држава“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...