Лекај: Екстрадицијата на Харадинај значи дестабилизација на Балканот

Приштина, 26 април 2017 (МИА) - Заменикот-претседател на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Пал Лекај тврди дека екстрадицијата на поранешниот косовски премиер и некогашниот лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Рамуш Харадинај во Белград би значело дестабилизација за Косово и Балканот, пишува денеска приштинскиот весник „Епока е Ре“.
Српското обвинителство го товари Харадинај за бројни воени злосторства извршени во Косово кон крајот на деведесетите, а Апелациониот суд во Колмар утре ќе ја соопшти одлуката за барањето на Србија за негово екстрадирање.
Синоќа Лекај на неговиот Фејсбук профил напиша дека „тоа не и оди од рака на ниту една заедница“.
-Предупредувањето на пратеникот Даут Харадинај не беше насочено кон ниту една од заедниците што живеат во Косово. Неговата реакција беше само предупредување дека преку случајот на Рамуш Харадинај во Франција некој се обидува во Косово да предизвика нешто што не е добро, тврди Лекај.
Тој смета дека предупредувањата за кривичните обвиненија против Даут Харадинај не се ништо повеќе од нечија тенденција да се сведат на нула сите постигнување на полето на интеграција на српската заедница, пренесува Танјуг.
Лекај истакна дека српските граѓани во Косово не би требало да дозволат станат „жртви на Белград“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...