Берлин без официјална потврда за доделен азил за турските војници

Берлин, 9 мај 2017 (МИА) - Германските власти се уште официјално не ги потврдија информациите дека им дале политички азил на припадници на турската Армија, кои по ланскиот неуспешен обид за воен удар во Турција, побарале заштита во Германија.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, официјалните германски претставници не ги коментираат извештаите на медиумите дека германската Агенција за миграции и бегалци им дала статус на азиланти на турски државјани.
Според извештаите, се работи за неколку турски воени и цивилни претставници, кои биле стационирани во бази на НАТО во Германија и кои беа отпуштени од турската Армија по обидот за воен удар,
Германските власти од јули минатата година, па досега, примиле 414 барања за политички азил од страна на турски државјани, а меѓу нив е и военото аташе на Амбасадаѕа на Турција во Берлин.
Доколку информациите на германските медиуми се потврдат како точни, можна се нови тензии во односите меѓу Берлин и Анкара.
Пред последните обиди за смирување на тензиите меѓу двете земји, Берлин и Анкара во некоку наврати имаа сериозни дипломатски инциденти, а минатиот месец по забраната за одржување на собири поврзани со референдумот за поголеми уставни ингеренции за турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, тој ги обвини германските власти дека се однесуваат како фашистите во Втората светска војна.
Предходно, Турција ја обвини Германија дека им пружа засолниште на членови на терористички организации, кои се обидуваат да ја урнат турската влада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...