Албеу: Последен обид за дијалог, во Тирана доаѓа Хојт Ји

Тирана, 10 мај 2017 (МИА) - Без оглед што Албанија се наоѓа на прагот на парламентарните избори и владејачкото мнозинство веќе ја почна изборната кампања, отфрлувајќи каква било можност за дијалог со опозицијата, САД следната недела ќе го направат последниот обид.

Во албанската метропола доаѓа американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји, во последен обид за дијалог меѓу власта и опозицијата.

- Високиот американски функционер во Тирана ќе допатува следната недела и се очекува да оствари средби со главните политички лидери, што ќе бидат последни заложби за постигнување договор меѓу власта и опозицијата, пишува порталот Албеу.

Засега се знае дека Хојт Ји ќе се сретне со премирот Еди Рама, новоизбраниот претседател на државата Илир Мета и лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша.

Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат на 18 јуни, и веќе се верфикувани кандатите на 15 политички партии, кои пријавија учество на изборите во Централната изборна комисија, која доцна синоќа ги распоределила и средствата за партиите-учеснички.

Од колачот тежок 65 милиони леки, најголем дел добива Соцјалистичката партија 44,4 милони, Двжењето за социјалистичка интеграција 11,2 милиони, Партијата за правда интеграција и единство 2,8 милиони леки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...