Дачиќ: Албански политичари се главна закана за мирот на Балканот и во Европа

Белград, 10 мај 2017 (МИА) – Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека албански политичари се главна закана за мирот и стабилноста не само на Балканот туку и во Европа, и оти ЕУ треба тоа да го разбере.
Во изјава за бриселски Еуроактив, Дачиќ рече дека е „целосно апсурдно“ да се смета оти „Белград шири страв на Балканот“.
– Координираните изјави на Рама, Тачи и градоначалникот на Бујановац, Јонуз Муслиу, покажуваат дека голема Албанија е примарна цел на сите Албанци, изјави Дачиќ.
– Длабоко жалам што Европјаните и меѓународната заедница особено ЕУ, не реагираат на фактот дека албански политичари се најголема закана за мирот и стабилноста не само на Балканот туку и во Европа, нагласи српскиот министер.
Тој додаде дека ЕУ треба да ги заштити своите основачки принципи и достигнувања „ако и понатаму важат и ако и понатаму се почитуваат“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...