Питела: ЕУ ризикува Балканот да премине во руска орбита

Љубљана, 22 мај 2017 (МИА) - Шефот на пратеничката група на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Џани Питела изјави дека на државите од Западен Балкан, кои сакаат во Европска унија, треба да им се даде јасна перспектива за членство, за да не попаднат во „руска орбита“.

- ЕУ мора да биде многу активна, иако проширување на Унијата е можно по 2019 година... Балканот поминува низ многу проблематичен период. Во Македонија, во Албанија, во Босна и Херцеговина и во Србија дејствуваат силни дестабилизирачки притисоци, изјави Питела за словенечкиот дневен весник „Дневник“.

Тој додаде дека „Балканот е составен дел од Европа и соседство на ЕУ“.

- Но, сега сме многу далеку едни од други иако би требало да бидеме блиску и обединети. Потребна е активна политика кон тој регион и политичка мобилизација на европските сили, бидејќи ризикуваме цело тоа подрачје да премине во руска орбита. Тој ризик е многу реален, а руската привлечност е голема, посочи Питела.

Тој потенцира дека единствено политиката на отворена перспектива за членство во ЕУ е единствена политика која ќе ги држи балканските земји безбедни од Русија.

- Таа перспектива поттикнува и економски, социјален и демократски напредок на тамошните општества. Државите кои се кандидати за членство би можеле да се придружат на ЕУ по 2019 година, но мораме да им дадеме јасен одговор кој ќе делува стабилизациски, посочи Питела.

Тој нагласи и дека „спомнатите држави мора сосема јасно да ги исполнат критериумите и да се обврзат дека ќе го почитуваат правото на ЕУ и нејзините демократски начела, инаку вратата на ЕУ ќе биде затворена“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...