Вучиќ: Името на новиот српски премиер ќе се знае за три недели

Белград, 22 мај 2017 (МИА) - Актуелниот српски премиер и новоизбран претседател на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека името на неговиот наследник на премиерската функција „ќе биде познато на 11, 12 или 13 јуни“.

Како што јави Танјуг, Вучиќ нагласи дека во игра за нов прв човек на српската Влада не се само трите имиња кои се спомнуваат во медиумите, туку дека се разгледуваат многу повеќе кандидати.

Српските медиуми изминатите денови објавија дека најсериозни кандидати за нов српски премиер се заменик-премиерот и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, министерката за државна управа и локална самоуправа Ана Бранабиќ и министерот за финансии Душан Вујовиќ.

Вучиќ денеска најави дека ќе ја преземе должноста претседател на Србија на 30 или 31 мај, но дека официјалната свеченост на неговото стапување на должноста ќе се оддржи по 20 јуни.

- Стапувањето на должност е свечен чин со кој ќе означиме нова политичка ера. Тоа ќе се случи по 20 јуни, изјави Вучиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...