Тачи: Кој и да победи на изборите, Косово ќе има прозападна влада

Приштина, 8 јуни 2017 (МИА) - Косово во следниот период ќе има прозападна, мултиетничка и стабилна влада, која ќе продолжи со реформите во сите сфери, незавосно до тоа кој ќе победи на избориоте в недела, изјави денеска во Приштина косовскиот претседател Хашим Тачи по средбата со шефот на Набљудувачката мисија на ЕУ, Алојз Петерле.

Тачи истакна дека е задоволен од досегашниот тек од изборната капања и изрази оптимизам околу текот на самите избори.

- Оптимист сум и повторувам, ќе имаме одличен изборен процес, изјави Тачи.

Тој нагласи и дека е вознемирен поради информациите за обиди за заплашување на некои кандидати за пратеници и избирачи во деловите на Косово каде мнозинството од наслението се Срби.

Петерле од своја страна додаде дека ЕУ на овие предвремени парламентарни избори испратила 100 набљудувачи, кои ќе го следат изборниот процес на целата територија на Косово.

Тој воедно им се заблагодари на косовската Централна изборна комисија и на институциите на Косово за досегашната соработка.

Според податоците на Централната изборна комисија, изборите во Косово ќе ги следат 4.887 домашни и странски набљудувачи и претставници на партиите, кои предложија свои кандидатски листи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...