Лидерот на албанските опозицски демократи на средба со Трамп

Тирана,15 јуни 2017(МИА) – Лидерот на албанската опозициска, Демократска партија, Љуљзим Баша, за време на дводневнот престој во САД остварил средба со претседателот Доналд Трамп.

- Изворедно добра средба со претседателот Доналд Трамп. Неговата визија и кауза, се колосален поттик и инспирација за нашето движење за нова Република на граѓаните,со силна економија и безбедно утре за сите Албанци,-напиша Баша на својот профил на фејсбук.

Исто така наведува дека за време на престојот во САД имал средба и разговори и со претставници на администрацијата на Трамп околу нивните политики.

- Само што ја завршив дводневната посета на Соединетите Американски Држави, во текот на „Неделата на Белата куќа за развој на работната сила“, каде беа разгледани и иницијативите на администрација на Трамп за намалување на даноците, стручна обука, практикантска работа и финансирање на студии,-напиша Баша.

Тој искажува “безгранично признание“ за претседателот Трамп и САД за поддршката за Албанија и Албанците.

Поради престојот во САД,Баша ја прекина изборната кампања за престојнте парламентарни избори,што ќе се одржат на 25 јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...