Рама уште од сега на мака, коалиција со него не сака ни ЛСИ, ни ДП

Тирана, 23 јуни 2017 (МИА) - Албанскиот премиер и лидер на Социјалстичката партија категорично ја отфрли можноста за коалиција со досегашниот владин партнер Движењето за социјалистичка интеграцја (ЛСИ) по изборите на 25 јуни, но не ја отфрла таа можност со Демократската партија.

Прашан дали отфрла можна коалација со ДП, Еди Рама, гостувајќи во телевизиска емисија, синоќа изјави дека „секое сценарио е отворено врз основа на одлуката на народот“.

На тоа експресно му возврасти Илир Мета, екс лидер на ЛСИ и шеф на државата, велејќи дека со оваа изјава Рама му ја олеснил работата и оти ЛСИ е подготвена да соработува со СП, но, без Рама.

- Двоецот Рама-Баша нема никакви шанси да добие 71 пратеник.Има премногу разочарани социјалисти и демократи.Исто така има и многу други партии кои секако ќе добијат пратенички места.Ги повикувам сите оние граѓани кои се изморени од политката да ја изберат потребната алтернатива,-порача Мета.

На Рама негатвен одговор му даде и лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој изјави дека коалиција со СП е неможна,бидејќи „реформите не се реалзираат така“.

- Не е можна коалицијата со СП, бидејќи реформи не се реализираат така. Јас велам намалување на даноците,тој вели зголемување.Знаи такво нешто е неможно во Албанија.Договорот со Рама беше за слободни и фер избори но не и за влада,- изјави Баша.

Парламентарните избори во Албанија ќе се одржат во недела, на 25 јуни, а денеска на полноќ настапува изборниот молк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...