Српскиот Парламент избира нова влада

Белград, 28 јуни 2017 (МИА) - Српскиот Парламент денеска одржува седница за избор на новата влада, на која мандатарката Ана Брнабиќ го презентираше експозето за работа на нејзиниот кабинет и неговиот состав.
Идната српска влада ќе биде составена од четворица вицепремиери, 18 ресорни министри и тројца министри без ресор.
Владата се избира со апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Народното собрание.
Брнабиќ во образложението на експозето истакна дека образованието и дигитализацијата ќе бидат приоритетни заложби на новата Влада.
Таа притоа нагласи и дека младите не треба да се откажуваат при првата пречка, туку да се борат за идеи и работа, да веруваат во себе и да ги реализираат своите амбиции.
Во однос на дигитализацијата пак, Брнабиќ рече дека тоа создава поквалитетен живот за граѓаните, преку повеќе и поевтини услуги, подостапни информации, како и помасовно поврзување меѓу луѓето.
- Дигитализацијата е повеќе од Ај-Ти индустрија, оти тоа ги вклучува и сите економски гранки и овозможува развој на целото општество, изјави Брнабиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...