Московиси: Договорот на ММФ за Грција е позитивен сигнал за пазарите

Брисел, 21 јули 2017 (МИА) - Еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси денеска како го оцени како „многу позитивен сигнал за пазарите“ принципелниот договор на ММФ за финансиска поддршка на Грција.
- Одлуката, донесена од ММФ, е многу добра вест. Тоа е нов позитивен сигнал за враќање на довербата на меѓународните партнери кон Грција и многу позитивен сигнал за пазарите, коментираше Московиси.
Според него, ова учество на ММФ го отвора патот за идно финансирање, што се разбира е помало од европското кредитирање, но и покрај тоа е добредојдено и од корист за грчката економија.
На 25 јули Московиси треба да ја посети Атина, каде е планирано да се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за финансии, Евклидис Цакалотос.
Советот на директори на ММФ синоќа постигна принципелна спогодба на Атина да и се даде правото да користи кредит од 1,6 милијарди евра, а денеска се очекува рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ да ја актуализира својата оценка за кредитоспособноста на Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...