Тачи: Само мултиетничко Косово е гаранција за неговата европска иднина

Приштина, 26 јули 2017 (МИА) - Косовскиот претседател Хашим Тачи на денешната средба со Консултативниот совет на заедниците, разговараше со претставниците на малцинските заедници, за темите кои најмногу ги засегаат.
- Косово е на сите негови граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, потенцираше Тачи на средбата.
- Ние сме држава за да ги промовираме правата на немнозинските заедници. Посакувам Косово во кое сите ќе се чувствуваат рамноправни и ќе живеат достоинствено. Само мултиетничко Косово може да биде гаранција за неговата европска иднина, посочилТачи.

Претседателот на Советот, Газменд Салијевиќ, изјави дека оваа институција има значајни механизми кои нудат можности заедниците да најдат решение за проблемите со кои се соочуваат.

Тој сепак се пожали дека до сега немале поддршка и разбирање од некои министри и нагласи дека согласно Уставот и со заеднички сили ќе го градат Косово.
- Сакам да и порачам на новата Влада дека единствено со дијалог може да ги решиме проблемите, а не нив да ги ставаме под килим. Никој не може со гума да ги избрише проблемите на Бошњаците, Србите, Горанците ... тоа треба да го сториме ние со заеднички напори и залагање, изјави Салијевиќ.

Тој стави забелешка дека советот функционира со многу мал буџет, споредно со други агенции, кои имале енормно големи буџети и се заблагодари за „искрената поддршка што ја имаат од претседателот Тачи и меѓународната заедница“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...