Две лица повредени во силно невреме во Истанбул

Истанбул, 27 јули 2017 (МИА) - Во невремето проследено со силен дожд, што денеска попладне го зафати Истанбул, повредени се најмалку две лица, а водата на улиците доведе до прекин на градскиот сообраќај и откажување летови на аеродромот.

Надојдената вода по улиците однесе многу возила, а граѓаните останаа заглавени, обидувајќи се во „шпицот“ да се вратат од работа во своите домови.

Летовите на Меѓународниот аеродром Ататурк се откажани, а не работи ниту метрото во овој турски мегаполис.

Во пристаништето Хајдарпаша се преврте голем кран, што доведе до експлозија и пожар, кој веднаш беше изгаснат.

Во делови на Истанбул и трамвајскиот превоз е во прекин.

Две лица се повредени кога на улица полна со минувачи падна ѕид од стари гробишта.

Градските власти превентивно го затворија тунелот Евроазија, кој ја поврзува азиската и европската страна на Истанбул под Босфор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...