„Листа српска“ ги соопшти условите за учество или поддршка на Влада

Приштина, 9 август 2017 (МИА) - Претставниците на партијата „Листа Српска“ има неколку услови, чие исполнување е пресудно за нивно учество во новата косовска влада или во краен случај да дадат поддршка на која било коалициска влада.

Пренесувајќи ја веста, електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“ констатира дека „претставниците на српскиот политички субјект го зголемија пазарот за да бидат дел или да ја поддржат владината коалиција“.

- Формирањето на Заедницата на српски општини, поголема застапеност на Србите во институциите, формирање нови општини со мнозинско српско население, како и гаранција дека без српските претставници нема да се задира во имотот кој ним им следува, се само дел од барањата на Листа српска, наведува весникот, констатирајќи дека тоа се „црвените линии“ кои денеска јавно ги соопштила партијата.

Партијата исто така го потврдила учеството на утрешното продолжение на конституивната седница на косовскиот парламент.

Нејзин претставник претходно изјави дека партијата ќе го поддржи Кадри Весели, лидерот на Демократската партија на Косово за претседател на парламентот, но оти за владата ќе ги разгледа најпрво интересите на Србите на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...