И понатаму не се гледа излез од политичката криза во Косово

Приштина, 9 август 2017 (МИА) – Консултативната средба на косовските парламентарни партии не го даде потребниот резултат за излез од блокадата создадена околу конституирањето на новите институции.

Средбата, одржана денеска, минала со меѓусебни обвинувања помеѓу претседавачот на конституивната седница на Парламентот Адем Микуловци, претставниците на коалицијата ПАН (Демократска партија, Алијансата за иднината на Косово и Иницијатвата за Косово), како и коалицијата ЛАА (Демократски сојуз, Алијасната за ново Косово и Алтернатива), јави дописникот на МИА.

Претставникот на ПАН и министер за надворешни работи во заминување, Енвер Хоџај, соопшти дека пратениците на оваа коалиција нема да учествуваат на утрешното продолжение на конституивната седница.

- Наш кандидат за претседател на Парламентот е Кадри Весели и неговиот избор е незапирлив. Сакам да информирам дека нема да учествуваме ни на утрешното ни на кое било продолжение на конституивната седница, се додека не се почитува волјата на политичките субјекти, изјави Хоџај и побара да се одржи уште една консултативна средба, а продолжението на конституивната седница да се одложи за идната недел
а.
Претставникот на ЛАА, Абдулах Хоти, изјави дека ПАН треба учествува на утрешната седница, бидејќи тоа е обврска кон народот за да се формираат институциите.

- Вие сте малцинство и не е можно да формирате влада. Треба да бидете одговорни и да учествувате на седницата, да предложите кандидат за претседател на парламентот или пред седницата да излезете и да кажете дека го немате потребниот број гласови за формирање на институциите, возврати Хоти.

Претставникот на „Листа српска“ Горан Ракиќ, посочи дека пратениците од овој политички субјект го поддржуваат формирањето на новите институции и оти нема да го блокираат процесот.

Од Движењето „Самоопределување“ изјавија дека барањето за повторно одложување на седницата е во функција на напорите на ПАН „да купи време“ бидејќи нема доволен број пратеници за избор на претседател на парламентот и формирање влада.

На крајот од средбата, Микуловци, кој е од редовите на „Самоопределување“ изјави дека нема одлагање на продолжението на седницата, закажана за утре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...