Турција: Наредба за апсење на 70 поранешни службеници во Министерството за финансии поради врски со Ѓулен

Анкара, 17 август 2017 (МИА) - Турските власти издадоа наредба за апсење на 70 поранешни вработени во Министерството за финансии поради осомниченост за врски со обидот за преврат од јули минатата година, јави турскиот телевизиски канал Си-Ен-Ен Турк.
Турција го обвинува исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен за организирање на обидот за преврат. Ѓулен ги демантира тие обвиненија.
Околу 150 илјади лица се отпуштени или времено отстранети од работи во државниот и приватниот сектор, а над 50 илјади лица беа приведени поради осомниченост за поврзаност со обидот за преврат.
Масовната чистка предизвика незадоволство на организациите за заштита на човековите права и западните сојузници на Турција, кои стравуваат дека Владата го користи обидот за преврат за да ги задуши сите оние кои не се нејзини истомисленици.
Турската Влада сепак тврди дека чистката е оправдана од сериозноста на заканите за државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...