Тачи: Мораме да бидеме подготвени на дополнителни компромиси

Приштина, 18 август 2017 (МИА) - Косовскиот претседател Хашим Тачи верува дека лидерите на Косово и во Србија се посветени на конечниот мир меѓу Србите и Албанците, а за тоа да се случи, порача тој, потребно е да бидат мудри и храбри, креативни и подготвени на дополнителни компромиси.

Во авторски текст за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ Тачи истакна дека единствен пат за ставање крај на сите несогласувања е постигнување историска спогодба меѓу Косово и Србија, а таа спогодба би опфатила и меѓусебно признавање.

Постигнувањето на таа цел, додава тој, е исклучително тешка за Белград и Приштина и бара храбро и мудро раководство.
- Цврсто верувам дека лидерите на Косово и Србија се посветени на она што нашиот народ го бара од нас, да постигнеме мир меѓу нас. Со цел тоа да се случи, сите мораме да бидеме креативни и подготвени на дополнителни компромиси. На сите мора да им биде јасно дека тоа е неопходно заради траен мир меѓу нашите народи и генерациите, кои доаѓаат, порача Тачи.

Тој оцени дека шест години се сторени значителни чекори во насока на нормализација на односите, но дека тие се уште се неостварена цел.
- Таа цел во овој момент е тешко достижна, смета Тачи, поради замрзнатиот конфликт меѓу двете земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...