Беснеат пожари во Хрватска, објавена тревога за сите пожарникари

Загреб, 22 август 2017 (МИА) - Поради голем број пожари кои беснеат во Хрватска, објавена е тревога за сите пожарникари во земјата, изјави главниот командир на пожарникарската служба на Хрватска, Славко Туцаковиќ.
Пожарот на планината Промина тешко дека ќе биде локализиран, а на помош на пожарникарите им пристигнаа два канадера, два ер-трактора и 100 припадници на хрватската војска.
Началникот на Штабот за цивилна заштита на Градот Дрниш, Томислав Џелалија истакна дека пожарникари, локални жители, ловци и планинари успеале да го изгаснат пожарот во населеното место Лишњак, меѓутоа се уште гори во местото Велушиќ.
Автопатот кој од синоќа беше затворен за сообраќај поради пожар и голем број пожарникарски возила, од утрово е повторно во функција.
По триесетината пожари кои вчера избија во Задарската жупанија, најмногу претпоставки околу причините се дека тие се подметнати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...