Харадинај бара време за формирање на новата косовска Влада

Кандидатот за косовски премиер на коалицијата ПАН, Рамуш Харадинај, од граѓаните на Косово побара трпение околу прашањето за формирање на владата.
Според него, има најмалку три причини што го попречуваат брзото формирање и оти не планира да создаде какво било мнозинство.

„Прво, изборите донесоа резултат што сите го знаеме, второ, се наоѓаме пред една законска рамка која не дава олеснувања, и трето, ни најмалку не сум зинтересиран да формирам влада колку таа само да се формира. Доцнењето е за да се изнајде формула за содавање стабилни институции и поради тоа јавноста треба да не разбере“, напиша Харадинај на неговиот профил на Фејсбук.

Тој смета дека е време политичките партии и нивните лидери да „рефлектираат и да ги прифатат правилата на играта кои ги одредува Уставот и Уставниот суд и да ја деблокираат државата“.

-Оваа држава не може да биде заложник на инаетење и калкулации, заклучува Харадинај.
Предвремените парламентарни избори во Косово беа спроведени на 11 јуни, на кои коалицијата ПАН (Демократска партија, Алијаса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово) освоија 39 пратенички места од вкупно 120, колку што брои косовскиот Парламент. Тоа значеше дека и со десетте пратеници на „Листа српска “ и исто толку на немнозинските заедници, нема доволен број за формирање на нови инситуции.

За утре е закажано шестото продолжение на конститутивната седница на Парламентот, на која треба да се избере претседател и петмина потпретседатели. ПАН тврди дека има доволен број гласови, со наводните три од Алијаса за Ново Косово на Беџет Пацоли, чија партија беше во коалицијата ЛАА, со Демократскиот сојуз и Алтернатива. Единствен кандидат за прв парламентарец е лидерот на ДП,Кадри Весели, кој и претходно беше на оваа функција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...