Пропадна и најновиот обид за конститувната седница на косовскиот Парламент

Приштина, 24 август 2017(МИА) - Пропадна и најновиот обид за конститутивна седница на косовскиот Парламент, откако коалицијата ПАН призна дека нема доволно гласови за избор на претседател.
Оваа коалиција на самот почеток на седницата од собранската говорница призна дека нема доволно гласови за да може да предложи и да се избере претседател на новиот законодавен дом.
Потпретседателот на Демократската партја, Енвер Хоџај, побара дополнителен рок од две недели за да го обезбедат потребниот број пратенички гласови за тоа.
-Како коалиција,чие право е да предложи кандидат за претседател на парламентот, како прв чекор, по што ќе се избираат и потпретседатели, бараме дополнителен рок. Ние кандидат имаме, но го немаме потребното мнознство, посочи Хоџај.
На тоа му возрати претседавачот на седницата, Адем Микуловци, со зборовите „кој сте Вие да го блокирате Парламентот“ па ги повика претставниците на другите парламентарни групи да го кажат својот став.
Албин Курти од движењето „Самоопределување“ кажа дека треба да се формираат новите институции и побара од ПАН да предложи друг кандидат за претседател на законодавниот дом.
Абдула Хоти од коалицијата ЛАА, предложи средба на сите парламентарни партии со цел да заврши политичката криза, по што претседавачот Микуловци, кажа дека седницата е завршена, без да најави кога ќе биде нејзиното продолжение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...