Српските опозициски пратеници со критика за Владата и претседателот Вучиќ за настаните со Македонија

Белград, 24 август 2017 (МИА) - Опозициските пратеници во српскиот Парламент денеска ги критикуваа претседателот Александар Вучиќ и српската Влада во врска со настаните поврзани со Македонија, и оценија дека тоа што се случи е невообичаена дипломатска пракса, јавија спрските медиуми.

-Би било добро компетентните служби да ни кажат за што станува збор, а не да нагаѓаме, пред новинарите во Парламентот изјави Санда Рашковиќ Ивиќ, член на парламентарната група „Нова Србија - Движење за спас на Србија“.

Таа додаде дека се што се случи ја покажува политичката незрелост на првите луѓе од власта.

Независниот пратеник Јован Јовановиќ, кој е поранешен амбасадор, оцени дека во конкретниот случај станува збор за невообичаена дипломатска пракса.

Тоа што се случи меѓу Србија и Македонија тој го спореди со ситуацијата со „нашараниот воз“ што тргна кон Косово, а потоа беше вратен назад.

Според него, станува збор за непотребно создавање тезнии, што е во спротивност со дипломатската пракса.

Србија во неделата вечерта во целост го повлече својот дипломатски персонал од амбасадата во Скопје, без да ги посочи причините за тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...