Балканските земји-членки на ЕУ ќе помогнат за европската интеграција на другите држави од регионот

Њујорк, 23 септември 2017 (МИА) - Четирите држави на Балканот кои се членки на Европската унија - Бугарија, Грција, Романија и Хрватска, заедно ќе помагаат за европската интеграција на останатите шест земји од регионот.
Ова го договорија министрите за надворешни работи на балканските држави-членки на ЕУ Екатерина Захариева, Никос Коѕиас, Теодор Мелешкану и Марија Пејчиновиќ Буриќ на работната средба во Њујорк, соопшти прес-службата на бугарското МНР.
Министрите направија преглед на она што досега го постигнаа Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Македонија, Србија и Црна Гора и се согласија да дадат политичка и експертска поддршка за нивната европска перспектива.
Захариева, Коѕиас, Мелешкану и Буриќ се договорија заедно да ги посетат земјите-кандидатки за да дадат знак дека стојат зад нив во нивните напори да ги исполнат критериумите за членство. Така, Западен Балкан ќе биде приоритет не само на бугарското претседателство на Советот на ЕУ, туку и на другите земји-членки од регионот.
- Државите треба да бидат оценувани според нивните заслуги. Знаеме дека на Балканот често има љубомора, но таа може и да е конструктивна, па да стимулира реформи во некои држави. Нашата помош за нив треба да се изразува и во практични работи - обезбедување на експерти, заеднички настап на средби во Брисел, поврзување на инфраструктурата, истакна бугарската министерка Захариева.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...