Тачи ја обвини ЕУ за дискриминаторски и срамен пристап кон Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи не верува дека ќе има визна либерализација за косовските граѓани дури и ако биде ратификуван договорот за демаркација на границата со Црна Гора.



- И доколку ја ратификуваме демаркацијата во Парламентот, повторно ќе имаме предизвици со овој состав на Европската комисија, бидејќи не е фокусиран на Косово, изјави Тачи.

Тој во интервју за „Дојче веле“ ја обвини Европска унија за дискриминаторски и срамен пристап кон Косово.

- Во моментот ЕУ има дискриминаторски пристап кон граѓаните на Косово, затоа побаравме овој пристап да се смени. Ставот на ЕУ е апсурдна и срамна позиција во односот со граѓаните на Косово и неговите институции. Ние бараме да бидеме третирани идентично со другите земји од регионот, а не да има двојни критеруми, посочи Тачи.

Тој додаде дека е свесен оти без да биде ратификуван договорот за демаркацијата на косовско-црногорската граница нема визна либерализација, но повторно овој кртериум поставен од Брисел го нарекува неправеден.

- Европска комисија неправедно одлучи и тоа е повеќе од критериум, тоа е политичка стапица на ЕК за Косово, со цел понатамошно одложување на визната либерализација, оцени Тачи.

Претседателот Тачи во интервјуто се осврна и за неговата посета на Вашнгтон.
На средбата со амерканскиот потретседател Мајк Пенс, според Тачи, тој искажал подготвеност САД да се вклучат во дијалогот со Србија.

- Ја нагласив потребата САД да се вклучат во дијалогот за нормализирање на односите со Србија и потпретседателот Пенс ја потврди подготвеноста на САД да го сторат тоа, истакна Тачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...