Додик во иднина ги гледа Србија и Република Српска во една држава

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во интервју за Дојче Веле оцени дека во иднина Србија и српскиот ентитет во Босна и Херцеговина ќе се обединат, додека Косово би било поделено, при што северниот дел би се припоил кон Србија.   

Тој сепак признава дека во моментов нема услови за одржување референдум за отцепување на Република Српска од БиХ, па затоа неговото спроведување сега не е на дневен ред на властите во Бања Лука.

- Ние не сме авантуристи како што не прикажуваат многумина. Не сме ниту затапени националисти. Сфаќам дека за остварување на такви елементи (како референдум) мора да се создаде политичка рамка и политички амбиент, да се формира доволен квантум и пракса во опкружувањето и во Европа.

Секако тоа треба да биде барем делумно прифатлива работа, нагласи Додик во интервјуто.
На оценката дека обидите на Република Српска за отцепување од БиХ би предизвикале војна, Додик истакнува дека српскиот ентитет има бројно моќна и мотивирана полиција, која е подготвена да одговори со сила.

- Секоја интервенција од Сараево во Република Српска дефинитивно ќе ја зајакне таа приказна (за независност). Ова не е Шпанија, заклучи Додик во интервјуто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...