Ратко Младиќ осуден на доживотна казна затвор

Судскиот совет на Хашкиот трибунал денеска го осуди командантот на силите на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ на казна доживотен затвор.



Станува збор за првостепена пресуда, на која жалба ќе може да поднесат и Хашкото обвинителство и одбраната на Младиќ.
Младиќ е осуден за геноцид во Сребреница, прогон на муслимани и Хрвати ширум Босна и Херцеговина, тероризирање на жителите на Сараево и киднапирање на припадници на Мисијата на Обединети нации - Сини шлемови и низа други злосторства. Тој не е виновен за геноцид во седум општини во БиХ.

За време на изрекувањето на пресудата на Младиќ му се слоши, при што беше дозволена пауза од пет минути, но се пролонгира бидејќи му се пружаше лекарска помош. По враќањето тој беше отстранет од судница бидејќи извика дека „се е лага“.
Со пресудата за Младиќ, Хашкиот трибунал завршува со работата.



Меѓународен суд за воени злосторства во поранешна Југославија по 24 години од формирањето ќе престане со работа на 30 ноември, додека постапките по жалбите, ревизиите и извршувањето на казни во негово име во иднина ќе го врши Механизмот за кривични судови со седиште во Хаг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...