Над 50 отсто граѓани на Србија би гласале за членство во ЕУ

Ако утре би се одржал референдум со прашањето „Дали го поддржувате членството на Србија во ЕУ?", 52 отсто од српските граѓани би гласале позитивно, 24 проценти би гласале против, а 12 отсто не би гласале или не знаат да одговорат на ова прашање, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење „Европската ориентација на граѓаните на Србија“.



Граѓанската поддршка за реформите, како и во претходните години, е многу висока. Од анкетираните, 65 отсто од нив сметаат дека реформите се потребни за членството на Србија во ЕУ и дека тие треба да се спроведат дури и повеќе од тоа, за доброто на граѓаните и создавање на подобро уредена Србија.

Кога станува збор за доделувањето на бесповратна помош за развој на Србија од 2000 година до денес, 24 проценти од испитаниците препознаваат дека ЕУ е најголемиот донатор во земјата во последните 16 години. На второто место по перцепцијата на граѓаните е Русија, Кина на трето и на четврто место е Јапонија.

Во споредба со резултатите од пред една година, во декември 2016 година, бројот на оние кои, како најголем давател на помош за Србија ја гледаат ЕУ е пораснат за три отсто, додека бројот на оние кои сметаат дека помошта доаѓа од Русија се намали за еден процент.
Официјалните податоци покажуваат дека во периодот од 2000 до 2016 година, Европската унија и нејзините земји-членки со 4.31 милијарди евра реализирани грантови, претставуваат најголеми донатори, со што значително придонеле за развојот на Србија, се истакнува во соопштението.

Индивидуално земено, Европската комисија донирала 2,96 милијарди евра, Германија 357,51 милиони евра, Шведска 232,41 милиони евра и Италија 191,49 милиони евра.
Како што се посочува во соопштението на Министерството за евроинтеграции, сите позитивни асоцијации за Европската унија имаат тренд на раст.
На пример, граѓаните концептот на ЕУ го поврзуваат со подобар живот, повисок стандард, благосостојба, патувањата, и тоа 18 отсто, додека во претходната анкета тој процент изнесуваше 10 проценти од испитаниците.
Најголем процент од граѓаните, 56 отсто, сметаат дека проблемите меѓу Белград и Приштина треба да се решат без оглед на тоа дали тоа се бара од ЕУ или повеќе од половина од испитаниците ја поддржуваат заложбата на српската Владата за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Реформата на здравствениот систем (15 отсто), борбата против корупцијата (15 отсто), реформите во судството (14 проценти) и образовниот систем (10 проценти) граѓаните ги препознаваат како најважни реформи, кои најмногу влијаат на животот.
За повеќето граѓани на Србија, околу 19 проценти, членството во ЕУ претставува повеќе можности за вработување и подобра иднина за младите (15 отсто), можноста за слободно движење во рамките на ЕУ (15 проценти), како и можноста за средување на состојбата во Србија (13 отсто)се истакнува во соопштението на Министерството за евроинтеграции.

Анкетата е спореведена на крајот на декември од страна на српското Министерство за европски интеграции. Во истражувањето изработено според стандардот на Евробарометар учествуваа 1.050 испитаници постари од 18 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...