Словенечкиот премиер поднесе оставка

Словенечкиот премиер Миро Церар доцна синоќа поднесе оставка на функцијата, само неколку часа откако Врховниот суд на Словенија го поништи референдумот на кој гласачите со тесно мнозинство го одобрија проектот за изградба на железничка пруга вреден една милијарда евра и побара одржување нов плебисцит.



- Силите од минатото не ни дозволуваат да работиме во интерес на идните поколенија, изјави Церар на прес-конференција во Љубљана на која ја објави својата оставка.
Тој нагласи дека одлуката на Судот била последната „капка што ја прелеала чашата“ и затоа „ја враќа власта во рацете на народот“.

Церар најави и дека ќе остана на премиерската функција до изборот на нова влада.
Редовниот термин за одржување парламентарни избори во Словенија е јуни годинава, но оставката на Церар може да доведе до организирање предвремени избори.

Словенечкиот Врховен суд вчера го поништи референдумот од септември минатата година на кој 53,5 отсто од гласачите го поддржаа предлогот за изградба на 27 километри долга пруга меѓу градот Дивача и јадранското пристаниште во Копер.

Лидерот на граѓанската организација Даночните обврзници не се откажуваат, Вили Ковачич поднесе барање до Судот за поништување на референдумот, со образложение дека Владата одобрила 95.000 евра буџетски средства за поддршка на референдумската кампања.
- Владината кампања беше недозволено еднострана, оцени Судот и нареди Државната изборна комисија да одреди нов датум за референдум.

Ковачич и неговата организација сметаат дека железничката линија е исклучително скап проект и повика на отфрлање на предлогот.
Владата на Словенија досега доби 44,3 милиони евра од ЕУ за подготовка на изградбата, а соседна Унгарија најави инвестирање на околу 200 милиони евра во тој проект.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...