Вук Јеремиќ: Вучиќ предлагаше размена на територии со Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ предлагаше размена на територии со Косово, но тоа го отфрлија од меѓународната заедница која не му предложи ништо друго освен правно-обврзувачки договор со кој Косово ќе добие место во ОН, изјави поранешниот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ на седница на својата партија.

Јеремиќ отфрли критики од Вучиќ дека „клучните грешки за Косово се направени пред 10 години„. Тој додаде дека најголемите грешки се во 1998 и 1999 година поради тогашната политика „на сегашното лидерство на државата по што следуваше бомбардирање од НАТО и повлекување на српската држава од Косово“.

Јеремиќ дополни дека Србија исполнила се од Бриселскиот договор, а во замена добиле само „ветувања за една доста слаба асоцијација – Заедница на српски општини, и дури и тоа не е исполнето“, објавуваат денеска српските весници.

– По поразот на дипломатијата во Белград, следува состојба да го дадеме и последното – место на Косово во ОН. И сега на преговарачка маса е поставено тоа преку договор за целосна нормализација на односите Белград – Приштина, наведе Јеремиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...